-->
-->
Црвена Звезда слави 71. година
-->
На денешен ден пред точна 71-на година е формирано Спортското друштво Црвена Звезда расадник на многу спортисти и освојувач на многу трофеи во СФР Југославија, Европа и Србија.
Младинското спортско друштво е формирано 1945 година а првите бои му биле црвена, бела и сина. Со текот на времето сината исчезнува а од почетокот симбол е и петократата.
Денес на пладне на стадионот „Рајко Митиќ“ ќе се одржи свечена церемонија на која ќе бидат прогласени и најдобрите спортисти на друштвото за 2015 година и тоа по 51-ви пат.
Најголем успех секако е европската титула на ФК Црвена Звезда во 1991г.
Во СД Црвена Звезда членуваат следните спортови:
фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, атлетика, ватерполо, тенис, веслање, стрелаштво, мечување, шах, џудо, бокс, пинг-понг, кошарка, кик-бокс, кревање тегови, пливање , карате, автомобилизам, велосипедизам, скијање, рагби, борење, куглање, текуондо, уметничко лизгање, фајт ултиматум и бриџ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани
-
Со автоматска пушка влегол во казино и одзел над 5000 евра
-
Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни
-
АСО: Неоправдано е поскапувањето на полисите
-
Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај