-->
-->
Црвена тревога во западна Франција поради опасност од поплави
-->
Во западниот француски департман Индре-ет- Лоара, и денеска останува на сила црвената тревога поради опасност од поплави, соопшти метеоролошката управа на Франција- Метео Франс, пренесе Анадолија.
Француските градови и реки во западна Франција за време на викендот се поплавија, а жителите беа евакуирани, јавија локалните медиуми.
Спасувачите ја продолжуваат потрагата по кајакар, кој во саботата исчезна во надојдената река Ла Виена, објави весникот „Ла Депеш“.
Нивото на водата на реката Ла Виена синоќа се зголеми на 5,24 метри, а на Креуз на 6,78 метри, надминувајќи го рекордот поставен во 1982 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
