Цртеж на Микеланџело од пред 500 години, продаден за 27,2 милиони долари

Скица на стапало, без боја, без потпис од пред повеќе од пет века, нацртана од ренесансниот уметник Микеланџело Буонароти, е продадена за неверојатни 27,2 милиони долари (скоро 23 милиони евра), поставувајќи рекорд на пазарот на уметнички дела.
Аукциската куќа „Кристи'с“ го опиша делото како „еден од најретко зачуваните цртежи од еден од најголемите уметници на сите времиња“. Токму оваа реткост, имајќи предвид и дека помалку од 600 цртежи на италијанскиот уметник се зачувани, драстично ја зголемила вредноста на скицата. Станува збор за редок цртеж изработен со црвена креда, за којшто експертите веруваат дека е создаден како подготовка за фигурите од познатата слика „Систинска капела“.
Цртежот бил во приватна сопственост и со десетлетија не бил препознаен како автентично дело на Микеланџело, сè додека деталните анализи не го потврдиле неговото потекло.
Историчарите на уметноста нагласуваат дека ваквите студии имаат неизмерна вредност, бидејќи го откриваат процесот на размислување и работата на ренесансниот гениј. Токму во овие „незавршени линии“ е скриена суштината на дарбата на уметникот - движење, анатомија и совршенството на обликот.
Во време кога дигиталната уметност, но и ВИ земаат замав, овој настан јасно покажува дека класичната уметност не ја губи својата моќ, според познавачите. Напротив, скица на стапало стара со векови, сѐ уште - станува повредна со текот на времето.
Ново на Сител
-

Лавров: Неколку земји побараа членство, но БРИКС нема да брза со проширување
-

„Инстаграм“ воведува „Инстанти“ - 24-часовни објави со слики што ќе се гледаат само еднаш
-

Низок ризик од појава и ширење на хантавирус во државата, велат од Комисијата за заразни болести
-

Променливо облачно со сончеви периоди, во Скопје можни краткотрајни врнежи од дожд
-

МВР го бара лицето кое го чувало заловениот волк во Козле, му следува казна до 20.000 евра
-

Уапсен возачот што удри 13-годишен велосипедист во Скопје
-

Нови 11,3 милиони денари поддршка за занаетчиите, малите и средните претпријатија
-

Владата донесе одлука за отворање македонска Амбасада во Литванија
