-->
-->
Цртање на асфалт по повод Денот на македонските просветители
-->

Со цртање на асфалт пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк, деца од 12 градинки од подрачјето на Град Скопје денеска го одбележаа Денот на македонските просветители „Св. Кирил и Методиј“.
Целта на манифестацијата „Цртање на асфалт“, според директорката на ЈУ Детски културен центар „Карпош“ Ружа Ѓорѓеска, која традиционално е во организација на ДКЦ „Карпош“, е најмладите да научат повеќе за значењето на празникот за македонските просветители и да ги искажат своите ликовни вештини.
За цртањето на асфалт, ДКЦ „Карпош“ обезбеди материјали за цртање, а беше одржана и пригодна програма на која беа доделени симболични награди за учесниците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
