Црногорскиот Парламент усвои измени на Законот за вероисповед
Парламентот на Црна Гора усвои синоќа измени и дополнувања на Законот за слобода на вероисповед, кој ги укинува сите членови на постоечкиот акт кои се однесуваат на промена на статусот на црковниот имот и задолжителната регистрација на верските заедници.
За промена на Законот гласаше владејачкото мнозинство, а опозициските партии предводени од Демократската партија на социјалистите (ДПС), не присуствуваа на седницата.
Против тие одредби, Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора повеќе месеци организираше масовни протести.
Со новите решенија, имотот кој им припаѓа на Метрополијата црногорско-приморска и на епархијата на СПЦ во Црна Гора, останува во нивна сопственост. Доколку државата сака тој имот да го евидентира како свој, може да покрене парнична судска постапка.
Пред почетокот на собраниската седница, приврзаници на организациите кои себеси се нарекуваат патриотски, протестираа поради промената на Законот. Нивниот протест го поздравија пратениците од ДПС и останатите опозициски партии.
Ново на Сител
-

На ГП „Блато" приведен државјанин на Албанија, баран со меѓународна потерница
-

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
-

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
-

Мурињо се согласи на двегодишен договор со Реал, услов е Перез да биде реизбран
-

Бензините и екстра-лесното поскапуваат за 0,5 денари, цената на дизелот останува иста
-

Претстои нестабилно време со пороен дожд и засилен ветер, преодно стабилизирање од петок
-

Трагедија кај Кочани: Млад мотоциклист загина во сообраќајна несреќа
-

Авганистанец силувал 11 годишно девојче во училиште за посебни потребни во Кобленц
