Црна статистика: Во 2021 поради ковид последици секој ден умирале по 15 лица

И вчерашниот ден помина со релативно ниска бројка на нови случаи. Позитивни беа помалку од 8% од тестираните граѓани па денот заврши со 269 нови случаи.
Она што загрижува е податокот дека починаа дури 15 лица. Само од почетокот на декември починале вкупно 287 лица што значи дека месецов во просек дневно поради последици поврзани со ковид умирале по повеќе од 12 лица. Заклучно со вчерашниот ден, од почетокот на оваа година поради ковид последици починале вкупно 5365 лица што значи дека оваа година во просек, секој ден од ковид починувале по 15 пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.333, бројот на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868, а бројот на активни случаи изнесува 5.174.
Ново на Сител
-

Платформата „12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ, но без ова раководство со Филипче
-

Возила на пазарна скапуваат по депоата на „Пајак“ оти Инспекторатот нема паркинг
-

Расте кредитирањето од небанкарски финансиски институции
-

Македонија во црвената зона во Европа поради предвремена смртност од кардиоваскуларни заболувања
-

Приведени 13 лица во акцијата „Филтер“
-

СДСМ: Мицкоски нема официјални средби во Њујрок
-

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја продлабочува соработката со САД
-

Пратенички прашања во Собранието
