Црна Гора: Рестриктивни мерки за загрозувачите на суверенитетот на Украина

Црногорската Влада донесе предлог одлука за воведување на меѓународните рестриктивни мерки утврдени со одлуки на Советот на ЕУ во однос на дејствија за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.
- Со одлуката се воведуваат меѓународни рестриктивни мерки во однос на дејствијата кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, кои се утврдени со одлуки на Советот на ЕУ, на кои Црна Гора се придружи согласно надворешнополитичките приоритети на усогласување со ЕУ во областа на заедничката надворешна и безбедносна политика, се наведува во Предлог одлуката на црногорската Влада, пренесува Танјуг.
Со тоа се ограничува влез на територијата на Црна Гора на физички лица кои се одговорни за активно поткопување или спроведување активности или политики кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност, однонсо стабилност и безбедност на Украина, или кои го попречуваат работењето на меѓународните организации во Украина.
- Влез во Црна Гора се забранува на лица кои активно пружаат материјална или финансиска поддршка на руските носители на одлуки или имаат корист од руските носители на одлуки кои се одговорни за анексија на Крим или дестабилизација на Источна Украина, но и на лица кои раководат со трансакции со сепаратистички групи во Донбас, се наведува во Предлог одлуката на црногорската Влада.
Ново на Сител
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
