Црна Гора повторно ја затвора границата со Албанија
Црна Гора повторно ја затвора копнената граница со Албанија, поради зголемениот број на новозаразени со Ковид -19, соопшти албанското Министерство за Европа и надворешни работи.
Во соопштението стои дека овој режим започнува на полноќ в недела, 21 јуни 2020 година, и важи до следната одлука на Главниот кризен штаб во Подгорица.
-Штабот на црногорската влада одлучи да го преразгледа списокот на земји на кои ќе им се дозволи да влезат на нејзината територија, како дел од борбата против пандемијата со коронавирусот. По проценката за состојбата со опасниот вирус во Албанија, донесена е одлуката за повторно затворање на границата со нашата земја, стои во соопштението на албанското министертво.
Од оваа одлука се изземаат здравствени работници, медицински истражувачи, лица кои се занимаваат со превоз на стока и друг транспорт, дипломати, персонал на меѓународни организации, воен персонал и хуманитарни работници, специјални категории на патници во транзит и лица на кои им е потребна меѓународна заштита во Црна Гора или од други хуманитарни причини.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
