Црна Гора доби нова Влада
Црногорскиот парламент со мнозинство гласови ја избра 43-та влада, предводена од премиерот Дритан Абазовиќ, прва малцинска влада во историјата на земјата.
Новата влада има четворица потпретседатели и вкупно 18 министерства, а покрај Обединетата реформска акција на Абазовиќ, во неа се и претставници на помали партии што ги претставуваат Хрватите и Бошњаците, Социјалдемократската партија и просрпската Социјалистичка народна партија.
Демократската партија на социјалистите на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, ја поддржа владата на Абазовиќ, но нејзини претставници не се застапени во неа.
Абазовиќ во своето излагањ е посочи дека новата влада ќе се заснова на два главни столба – владеење на правото и економски развој, кои имаат пет приоритетни области: борба против корупцијата, поодржливи инвестиции, интеграција во ЕУ, одржлив развој и заштита на животната средина како и афирмација на децата и младите.
– Сите членови на владата се должни да се занимаваат со иднината на Црна Гора, а не со нејзиното натамошно заробување во минатото, рече тој.
– Затоа сум горд што за прв пат ќе соработуваат субјекти кои досега директно не соработувале, рече Абазовиќ.
– Верувам дека Црна Гора може да побара забрзан пристап и дека наскоро може да стане полноправна членка на ЕУ со итни, но мудри одлуки. Ова е нашата најважна цел, рече Абазовиќ.
На почетокот на февруари, црногорскиот парламент и изгласа недоверба на владата на Здравко Кривокапиќ по судирот меѓу Кривокапиќ и неговиот тогаш единствен потпретседател Дритан Абазовиќ.
Ново на Сител
-
Продолжува амандманската расправа за ребаланост на Буџетот
-
До седум часот утрово активни седум пожари, велат од ЦУК | ВИДЕО
-
МЗ: Пожар во кругот на болницата во Битола, нема штета и повредени
-
Трамп го пролонгира стапувањето во сила на реципрочните царини до 1 август
-
57-годишен скопјанец бил фатен како подметнува пожар во Ѓорче Петров
-
Европратениците ќе дебатираат по Предлог-извештајот на Вајц за земјава
-
На ГП Блаце без застој за патнички возила, остануваат ограничувањата за камиони
-
Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир