Црна Гора доби меѓународен код за црногорскиот јазик

Црна Гора доби меѓународен код за црногорскиот јазик во рамките на ИСО 639 меѓународен стандард. Ознаката за црногорскиот јазик ќе биде ЦНР.
Одлуката е донесена од Обединетиот советодавен комитет за кодификација на јазикот, со седиште во Конгресната библиотека во Вашингтон.
Комитетот од Вашингтон не само што призна постоење на црногорски јазик туку и потврди дека црногорскиот јазик не е варијанта на српскиот јазик, како што претходно се мислеше. Значи, тој има лингвистичка препознатливост, истакна директорот на Националната библиотека на Црна Гора „Ѓурѓе Црнојевиќ“ од Цетиње, Богиќ Ракочевиќ.
Ознаката за црногорскиот јазик ќе биде ЦНР, на англиски „montenegrian“, на француски „montenegrin“ а во оргинал „црногорски језик“ на латиница и на кирилица.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
