Црна Гора бара сезонски работници, плата до 2.500 евра
Сите мислат дека сезоната за одмор во Црна Гора почнува во јуни, а завршува во септември, но не е така. Во некои градови трае многу подолго, а земјата вратите ги отвара за сезонските работници.
Најмногу се бараат готвачи, помошници готвачи, собарки и хигиеничарки. Најдобро платени се готвачите кои земаат од 600 до 2.500 евра месечна плата. За разлика од нив, најмалку платени како сезонски работни се собарките и хигиеничарките кои земаат од 300 до 400 евра месечно.
Со работата оди и сместување и храна.
Во текот на минатите години имало голем проблем со пријавувањето на странските државјани, но проблемот сега бил надминат. По некој период работникот добива лична карта и документи, бидејќи казната за непријавен работник може да стигне и до 2.800 евра. Сепак, мора да се помирите дека треба да помине одреден период пред да се случи тоа.
За една сезона не се знае точната бројка, но се спомнуваат околу 40.000 работници од Македонија, Босна, Србија, а има и руски работници.
За летата врие од туристи во Црна Гора.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини