ЦИВИЛ: Дивеењето во училиштата мора да престане, а инволвираните да понесат целосна законска одговорност

ЦИВИЛ ја изразува својата загриженост околу содржините коишто се објавени на Инстаграм профилот „Најлудите школски видеа“. Последните вести за однесувањето на учениците во училиштата ширум земјата мора да се сфатат крајно сериозно и институциите веднаш да реагираат соодветно на законските одредби. Потребна е итна истрага за мотивите и заднината на оваа серија инциденти.
Бараме итно да се пронајдат администраторите на овој профил, како и сите учесници во инцидентите што се снимени и објавени на социјалните мрежи.
Истовремено, ги повикуваме директорите на училиштата, педагозите, психолозите и стручните служби, како и советите на родителите, итно да преземат сериозни активности, вклучувајќи формирање работни групи кои ќе понудат итни и ефикасни решенија да се надмине оваа немила појава. Тоа подразбира и преземање решителни и остри дисциплински мерки за сите инволвирани, но и поведување истрага и законски санкции за сите што овие инциденти ги овозможиле, мотивирале или не реагирале соодветно на своите надлежности.
Ги повикуваме родителите сериозно да се ангажираат, да соработуваат со стручните служби и со надлежните институции како што се полицијата и јавното обвинителство и да се вклучат во решавањето на овој проблем.
Загрижува и фактот што на дел од видеата каде се гледа недоличното однесување на учениците се присутни и претставници на наставниот кадар. Оваа тортура на соученици и професори мора да престане, а инволвираните да сносат целосна одговорност. Не смееме да останеме неми пред ваквото дивјачко однесување.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
