Цитронот е здрав, но ако пиете лекови мора да бидете многу внимателни со него

Без оглед колку благотворни дејства има цитронот, со него треба да бидете многу внимателни доколку пиете лекови, бидејќи оваа комбинација може да предизвика несакани реакции.
Предностите на цитронот се бројни, – го штити срцето така што го намалува лошиот холестерол, го зајакнува имунитетот бидејќи изобилува со витамин Ц, го забрзува метаболизмот… Сепак бидете многу внимателни со ова овошје доколку пиете лекови бидејќи само еден цитрон дневно е доволен да предизвика несакани дејства од медикаментите.
Бидете особено внимателни кога пиете лекови кои се користат за намалување на холестеролот. Според извештајот на американската агенција за храна и лекови, паралелното консумирање на цитрон и лекови за намалување на холестеролот, го зголемува ризикот од заболување на црниот дроб, бубрезите и опасноста од откажување на мускулите.
Не се проблематични само овие лекови. Во потенцијално опасната група се и лековите за крвни садови и за заболено срце. Цитронот реагира и со лековите кои се препишуваат за анксиозност, заболување на централниот нервен систем, инфекциите на уринарниот тракт.
Затоа, пред да започнете со консумација на ова прекрасно овошје, проверете дали тој има штетно влијание на лековите кои ги користите. Најчесто во упатството на лекови е наведено доколку со одреден лек не се препорачува да консумирате цитрон, но и доколку не е наведено вие консултирајте се со вашиот лекар или доколку терапијата е кратка тие денови избегнувајте го ова овошје.
Ново на Сител
-

Во ДР Конго потврдени 344 случаи на ебола, 60 пациенти починаа
-

МЗ: Две лица добија органи од донор, 52-годишник ново срце, 23-годишник бубрег
-

Скопје ќе биде престолнина на европскиот кикбокс – Македонија домаќин на Европското кикбокс првенство 2026
-

МЗ: Две лица добија органи од донор, 52-годишник ново срце, 23-годишник бубрег
-

Се бара притвор за Стефан Богоев, примил мито од 111.600 денари и наместил тендер за чистење гранични премини
-

КБК „Шампион“ со 12 медали на Балканското првенство во Нови Сад
-

ФФМ ја суспендираше Шкендија од Купот за 2026/27 по одбивање на медалите на финалето против Силекс
-

Сали: Дигиталната трансформација клучна за европската интеграција, радиодифузијата столб на безбедно и отпорно општество
