Ципрас- Штајнмаер: Договорот од Преспа е храбар потег
Храбар и смел потег, вака го карактеризираа договорот од Преспа, грчкиот премиер Алексис Ципрас и германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер на нивната денешна средба во премиерската палата во Атина.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во изјавите на почетокот од средбата, Штајнмаер го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција и изрази жалење за резултатот од референдумот, додека пак Ципрас рече дека Договорот од Преспа е модел на разбирање и взаемно почитување на два народи.
- Дојдов тука за да ја искажам мојата почит за особено храбриот напор што го вложивте за да постои договор со ПЈРМ, со соседната земја, кое што беше исклучително смел потег од ваша страна и многу жалам што резултатот од референдумот не даде конечно решение. Големото мнозинство од оние кои излегоа на гласање, секако беше за овој Договор, го поддржа, но сепак не беше доволно ова мнозинство. Се надевам дека големите напори што беа вложени, нема да бидат залудни, рече Штајнмаер.
Грчкиот премиер говорејќи за соработката и иницијативите на Грција во поширокиот регион, го спомена договорот од Преспа како модел за разбирање меѓу два народи.
- Особено на Балканот направивме еден смел, храбар чекор со Договорот од Преспа. Верувам дека овој Договор е модел на разбирање меѓу два народи, кои сакаат да живеат мирно, без едниот да ги потценува историјата и идентитетот на другиот. Храбар чекор кој верувам дека придонесува за стабилноста на Балканот, но и во поширокиот регион, рече Ципрас на средбата со германскиот претседател.
Ново на Сител
-
Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот:
-
Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола