Ципрас на средба со претседателот и лидерите на некои политички партии
Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа имаше средба со претседателот на земјата Прокопис Павлопулос кого го информираше дека Грција поднесе барање за помош до Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ).
Тој исто така рекол дека грчката Влада денеска ќе поднесе детални и прифатливи реформи за да се постигне чесен компромис.
- Тоа е нашата цел и тоа е нашата заложба за прифатливо решение и излез од кризата, рекол Ципрас на средбата.
Павлопулос, од своја страна, истакнал три настани кои се случија вчера: дебатата во Европскиот парламент, изјавата на претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц дека членството во Грција во еврозоната не треба да се доведува во прашање затоа што последиците ќе бидат непредвидливи и оти предлогот на земјата треба да биде избалансиран.
Тој исто така, истакнал дека референдумот во недела не значи прекинување на односите со Европа и еврозоната, туку рестарт на напредокот на преговорите.
- Значи, ајде да го земеме овој ден како почеток што ќе кулминира во недела со сигурност дека Грција – интегрална членка на ЕУ и на еврозоната - ќе остане да стои исправена, но, исто така, ќе придонесе за животот во Европа во оваа тешка иднина што не чека, рекол Павлопулос.
Ципрас вчера се сретна и со лидерот на Потами Ставрос Теодоракис за да го информира за самитот во Брисел и преговорите со кредиторите. Во меѓувреме, лидерот на најголемата опозициска партија Нова демократија Вангелис Мимаракис соопшти дека нема да се сретне со премиерот за брифинг, додека партиски функционери изразиле чудење зошто Ципрас одбива да ги информира партиите јавно во Парламентот, и наместо тоа избира тоа да го прави на посебни состаноци.
Ново на Сител
-
Гори борова шума во кривопаланечкото село Нерав
-
Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади
-
Муцунски учествуваше на првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
-
Приведени четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот | ВИДЕО
-
Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген
-
Апел за рационално користење на водата за пиење во град Скопје
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол