Ципрас му се заблагодарил на папата Франциск за споменувањето на Договорот од Преспа
Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас му се заблагодарил на папата Франциск за споменувањето на Договорот од Преспа за време на говорот во Претседателската палата во Атина кога ја изрази неговата почит „за тешкиот пат што доведе до Договорот од Преспа, потпишан меѓу Грција и Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Ципрас утрово се сретна со папата во Амбасадата на Ватикан во Атина, а по средбата според она што го објави на социјалните мрежи, разговарале за мигрантското прашање, за пандемијата, но и за Договорот од Преспа.
-Му се заблагодарив за неговото споменување на Договорот од Преспа. Ако можевме да придонесеме за мирен соживот и борбата против национализмот што ги дели народите и предизвикува војни и конфликти, бевме на вистинската страна на историјата, напиша Ципрас на Фејсбук.
Паралелно, му се заблагодарил и за неговата „сурова искреност во неговите говори и за непоколебливата одбрана на човековите права и социјалната правда“.
-Имав можност да разговарам со него за лицемерието на владите на ЕУ кон човечката драма на бегалците и мигрантите, каде што зборуваат за човековите во време додека градат огради и отфрлаат каква било легална миграциска рута. Но и за проширувањето на нееднаквостите, сиромаштијата и социјалната исклученост во целиот свет, за алчноста на развиениот свет кон третиот свет, со одбивањето да се укине патентот за вакцините што ќе овозможи масовна вакцинација на стотици милиони граѓани, истакна Ципрас.
Ново на Сител
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце