Ципрас и Цакалатос во Брисел во обид да се вратат на преговарачка маса

Новиот министер за финансии на Грција Еуклид Цакалотос и премиерот Алексис Ципрас денеска заминуваат за Брисел, со цел да ја задржат земјата во еврозоната, додека повеќето европски партнери изгледа дека одлучија оти подобро ќе биде земјата да излезе, коментира „Катимерини“.
Цакалотос синоќа положи свечена заклетва, заменувајќи го Варуфакис кој рече дека се повлекува за да му помогне на Ципрас во напорите да постигне договор со кредиторите.
Ципрас вчера имаше состанокот со политичките лидери со кој претседаваше претседателот Прокопис Павлопулос. Шефовите на сите партии, освен на Златна Зора Никос Михалолиакос, седум часа разговараа за плановите на Владата за обезбедување договор со институциите.
Според извори на весникот, премиерот ги информирал своите колеги дека коалицијата ќе предложи договор врз основа на последниот пакет предлози објавен од страна на Европската комисија. Атина исто така ќе побара постепено спроведување на некои мерки.
„Не е јасно дали Владата е подготвена да додаде овој сет на предлози, што би можело да се покаже како камен на сопнување додека економијата се влошува, што беше забрзано со контролата на капиталот, што пак значи дека е потребно поголемо фискално прилагодување“, пишува „Катимерини“.
По средбата, сите лидери кои учествуваа на состанокот, со исклучок на Димитрис Кацубас од Комунистичката партија, потпишаа заедничка изјава во која тврдат дека сакаат Грција да остане во еврозоната.
„Неодамнешната пресуда на грчкиот народ не е мандат за прекин, туку мандат за продолжување и зајакнување на напорите да се постигне социјално праведен и економски одржлив договор“, се вели во заедничката изјава во која се повикува да се врати ликвидноста на банкарскиот систем и да почнат дискусии за отпишување на долгот.
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
