-->
-->
Циклонот Алфред се движи кон копно, милиони Австралијци остануваат во своите домови
-->
Тропскиот циклон Алфред преку ноќ помина во „тропска бура“ и сега се движи кон копно, поради што властите ги предупредија граѓаните на Австралија да останат во своите домови.
„Ефектите веќе се чувствуваат, а тешките часови се уште претстојат. Неговото влијание ќе биде силно и ќе се интензивира во наредните часови и денови.
Ќе донесе силен ветер, обилни врнежи, поплави и опасни услови низ југоисточниот дел на Квинсленд и североисточниот Нов Јужен Велс овој викенд и во наредните денови“, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе на прес-конференција.
Илјадници луѓе беа евакуирани, а локалните медиуми објавија дека околу 250,000 луѓе останале без електрична енергија, бидејќи силните ветрови урнале далноводи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор