Чувајте се: Биометеото неповолно - главоболки и општа слабост
Честа појава на општа слабост, деконцентрација и чувство на тежина во главата, се само некои од симптомите што може да се јават попладнево кај метеоропатите поради временските услови.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), подолготрајни ќе бидат болките од ревматски карактер и оние од артритични промени.
За утре, биометеото прогнозира појава на главоболки, болки во колената, грбот и на вратот, особено попладне. Кај поголем број луѓе можна е општа слабост, а кај некои и чувство на тежина во главата. Во вечерните часови болките од ревматски карактер и оние од артритични промени ќе бидат поизразени.
Според УХМР, денеска попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови и Малешевскиот регион. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде од 30 до 37 степени, а УВ-индексот 8.
Во Скопје слично време со температура до 35 степени, воздушен притисок 978, релативна влажност на воздухот 39 проценти и средна брзина на ветер три метри во секунда.
Во петок и деновите од викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските предели. Поизразена нестабилност се очекува во понеделник.
Ново на Сител
-
Притвор за сопственикот на отпадот по нападот врз новинари
-
Мицкоски: Го зачувавме статусот на Охридското Езеро, ќе се урнат дивоградбите
-
Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев: Тоа е како кога глушецот го задева лавот
-
Татко ја врзал со јаже за врат и раце својата 11-годишна ќерка, снимал и објавил на социјални мрежи | ВИДЕО
-
Имаме докази и приведени лица за подметнати пожари со координирана и добро осмислена акција, вели Мицкоски
-
Мираковски: Пожарите и во шумите и на депониите се штетни по здравјето на луѓето
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во стан во Ѓорче Петров
-
Тројца малолетници кај Ајватовски рид фатени со бензин, петарди, запалка и течен лепак