Чулев: Приведени 18 а опоменати 74 лица за прекршување на полицискиот час

Ограничувањето на движењето на граѓаните од 21 до 6 часот, за време на изминатата ноќ, генерално се почитуваше на целата територија на државава. Лишени се од слобода 18 лица кои не ги почитувале мерките, информираше денеска на прес-конференција министрот за внатрешни работи Наќе Чулев за првата помината ноќ со полициски час.
-Полициските службеници лишиле од слобода 18 лица од кои пет на подрачјето на Тетово, две во Гостивар, кои и по опомената на полицајците на постапиле по укажувањето, туку агресивно се однесувале кон полицајците. Во Куманово лишени од слобода се две лица, а кај нив е најдено и оржје. Во Радовиш лишени од слобода се две лица, едно лице во Штип и шест во Кочани. Во Виница е константиран еден случај на прекршување, истакна Чулев.
Министерот информираше дека на територија на цела држава опоменати се 74 лица кои потоа постапиле по насоките на полицајците, а поднесени се девет кривични пријави. Според него МВР презема активности за утврдување елементи за поднесување кривична пријава за кривични дела за останатите сторители.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи контролираат 618 лица со решение за изолација за здравствен надзор и 7307 лица со изјави за самоизолација при што вкупно на територија на цела држава има поднесено 77 кривични пријави. Полицајците извршиле 322 контроли на лица кои се во изолација и 3606 контроли со изјави за самоизолација. Од контролираните, едно лице не ја почитувало изолацијата, а 22 не го почитувале решението за самоизолација. Полицијата, рече Чулев, ќе поднесе соодветни кривични пријави.
Ново на Сител
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
-

Судење за оддавање службена тајна: Димитровска тврди, случајот е последица на ревизорскиот извештај за СЈО
