Чулев: 3.000 лица контролира полицијата за почитување на мерките за самоизолација
На прес-конференција техничкиот министерот за внатрешни работи Наке Чулев соопшти дека се уште не се размислува за воведување кризна состојба во Скопје како таа во Дебар, откако бројот на заболените од вирусот корона во главниот град го надмина тој во Дебар и во Центар Жупа. Според Чулев таа одлука сепак треба да ја донесе Владата, но сега ситуацијата се контролира со зголемен број на полициски службеници кои ги контролираат тие што се во самоизолација и изолација.
Зголемениот број на откриени случаи во Скопје, според него, се должи на тоа што повеќе граѓани самоиницијативно се тестираат во приватните болници што е добро. Тој не исклучи можност наредните денови да се донесат поригорозни мерки за (не)движење на граѓаните.
Генерално над 3.000 лица во земјата сега се контролираат од полицијата двапати дневно дали ги почитуваат мерките за самоизолација, откако се откри дека многу од нив потпишуваат изјави кога доаѓаат во земјата, но не го прават тоа на што се обврзале.
Ново на Сител
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи