Чудо од дете: Има само 2 години и го плени регионот со своето неверојатно памтење

Саид Шакиќ од Сребреница има само две години и е чудо од дете. Во градинката Пролетерац каде оди, откриле дека Саид знае да препознае повеќе од 60 знамиња на држави ширум светот.
Имињата на државата се уште не може правилно да ги изговори, но нема проблем со препознавање на знамињата. Знамето на Германија прво го запаметил, а подоцна памтел по три знамиња, така што сега веќе знае повеќе од 60, вели воспитувачката Јасна Авдиќ.
Таа вели дека Саид често си играл околу картата на светот што го забележал приправникот во градинката и му го покажал знамето на Германија. Кога утредента дошол во градинката, Саид се приближил до картата и покажал на германското знаме и кажал чие е. Тогаш воспитувачите сфатиле дека Саид брзо помни па почнале да му покажуваат знамиња и од други земји, по што во градинакта специјалноз а него изработиле картички со знамиња.
Доволно е велат, кога еднаш или два пати ќе му се каже името на државата и Саид тоа го памти. Ги познави и боите, симболите на автомобилите, а во последно време се интересира и за букви.
Таткото Сеид вели дека од раѓање забележале дека Саид е натпоресечно интелегентен, па во иднина го гледаат како географ. Како и секој родител од своето дете очекува најдобро, но ќе го остави Саид сам да бира и дали се ќе оди по нормален тек. До тогаш Саид нека си игра, зошто освен што е исклучително паметен и дружељубив е.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
-

Најмногу заболени од грип во Скопје, Тетово, Куманово, Дебар, а најголема активност на грипот има во Дебар
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани го празнуваат Божиќ
-

Кај кого се падна паричката за Бадник во домовите на политичарите?
-

„Празници за сите, Божиќ за сите“, хуманитарна акција во Општина Босилово
-

Се додели орденот за Носител на мир, како и плакети за пријатели на децата
