Македонија
3. August 2015 - 17:02

Човечкиот фактор причина за пожарите во 80% од случаите

Најголем број од пожарите се предизвикани од човечки фактор. Дури 80 % од случаите на пожари на отворено се поради палење на стрништата по жетва. Тоа го покажува статистиката на противпожарните единици.

Најчесто пожари има на отворено, на стрништа и затоа пак ќе дадам апел до земјоделците по завршувањето на земјопделските активности да не ги палат стрништата за да не дојде до поголеми материјални штети - изјави Благој Ренџов, командир на ТППЕ - Штип

Со палење на остатокот по жетвата земјоделците уништуваат голем дел од хранливите состојки во почвата. Агрономите со години препорачуваат да не го прават тоа доколку сакаат добри приноси во следната реколта. Со палењето на стрништата нивите се осиромашуваат со азот, што подоцна земјоделците го надоместуваат со користење на вештачки ѓубрива.

Никако не смеат да се палат стрништата сега. Иако со закон е забрнаето знаеме дека нашите земјоделци ги палат. Катастрофална грешка. 300 тони од хектар азотни губрива изгроруваат - изјави Љупчо Иванов, агроном

За палење на страништа се предвидени парични казни кои треба да ги одвратат земјоделските, не само од лошата навика со која се намалува плодноста на почвата, туку и да се спречи опасноста од пожари. Годинава земјоделските инспектори зсамо во Овчеполието открија тројца земјоделци кои за непочитување на забраната заработиле глоби од по 100 евра.