Човечка грешка можна причина за авионската несреќа во Русија
Човечка грешка најверојатно е причината за уривањето на рускиот авион во неделата, при што загинаа 71 лице, соопштија денеска руските истражни органи, кои утврдиле дека пилотите не го вклучиле греењето на мерачите пред полетувањето, што довело до погрешни податоци за брзината.
Според прелиминарниот заклучок на експертите од Меѓудржавната воздухопловна комисија, изработен врз основа на анализата на информаците од читачот на записи за параметрите на летот, несреќата на патничкиот авион Ан-148 на „Саратов Ерлајнс“ веројатно се случила поради неточни податоци за брзината на летањето, поради замрзнување на сензорите.
И покрај механичките оштетувања како резултат од несреќата, експертите успеале од црната кутија да извлечат податоци за 16 летови на авионот, вклучувајќи го и оној при падот. Во сите останати летови, освен при последниот, греењето било вклучено пред полетувањето.
Авионот се урна шест минути по полетувањето во близината на Москва.
Според истрагата, на надморска височина од 130 до 150 метри екипажот го вклучил автопилотот, а вонредната ситуација во авионот почнала по 2 минути и 30 секунди на височина од околу 1.300 метри, кога леталото се движело со брзина од 465 до 470 километри на час.
Во тој момент црната кутија фиксирала несовпаѓање меѓу читањата на индикаторите за брзината. По 30 секунди разликата во мерењата на сензорите изнесувала 30 километри на час, а на височина од 2.000 метри разликата станала уште поголема, по што екипажот го исклучил автопилотот и целиот останат лет преминал во рачен режим.
Податоците на индикаторите за брзината многу се разликувале - едниот покажувал 0 километри на час, а другиот 540 до 560 километри на час. Потоа е податоците на вториот почнале интензивно да паѓаат до 200 километри на час, можеби друи и помлако, по што авионот почнак забрзобо да се спушта под агол од 30 до 35 степени.
Портпаролката на рускиот Постојан истражен комитет, Светлана Патренко изјави дека по добивањето на прелиминарниот извештај на Комисијата, ќе биде разгледана и таа верзија за можна причини за несреќата.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања