Свет
12. December 2016 - 9:48

Членови на францускиот парламент бараат итен прекин на огнот во Алепо

Делегација во која се три члена на францускиот парламент ќе замине денеска до сириската граница близу Алепо, за да побараат итен прекин на огнот и доставување хуманитарна помош за цивилите.

Во заедничко соопштение на Сесил Дуфло, Херва Маритон и Патрик Менуци бараат евакуација на цивилите од Алепо, а тој регион ќе го посетат како обични службеници, а не како претставници на парламентот на Франција.

– Европа мора да задржи цврст став против масакрот на силите лојални на претседателот Асад и Русија, се додава во нивното соопштение.

Повеќе од 70 илјади жители на источно Алепо ги напуштија своите домови во изминативе денови и побегнаа во делови од западно Алепо што е под контрола на владините сили.