Членот на ДИК од СДСМ, Игор Милев со шокантна изјава: Каде пишува дека мора да одлучуваме според докази?

Членот на Државната изборна комисија (ДИК) од СДСМ, Игор Милев излезе со шокантна изјава на седницата која во моментов е во тек, а на која се одлучува во однос на приговорите поднесени од СДСМ и БЕСА. Милев скандалозно праша каде пишувало дека морало да одлучуваат според докази?
-Сметам дека никаде, во ниту еден член и алинеја е наведено дека ако ние одлучуваме, мора да имаме и докази, рече Милев.
Со ова, членот на ДИК кој доаѓа од СДСМ практично призна дека не се одличува според докази и дека СДСМ и БЕСА истите ги немаат.
Единствено двајцата членови на СДСМ гласаат за незаконските приговори на БЕСА, со што отвораат простор за натамошно испитување на сомнежите дека истите ја злоупотребуваат службената положба и овластувањата кои ги имаат, дело кое согласно закон е казниво со над 5 години затвор.

Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со манипулации прави лажен проевропски имиџ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
