Чизми на Наполеон Бонапарта продадени за 117.000 евра
Чизмите, за кои се смета дека припаѓале на францускиот цар Наполеон Бонапарта, вчера се продадени на аукција во Париз за 117.000 евра, соопшти аукциската куќа „Друо“.
Според француските историчари тие чизми Наполеон ги носел за време на егзилот на островот Света Елена, каде почина во 1821 година. По неговата смрт, чизмите ги наследил неговиот пријател од последните денови, маршал Бертран. Тој подоцна ги отстапил чизмите на вајарот Карл Марокети, кој ги користел како модел за скулптурата Наполеон на коњ, наменета за неговиот надгробен споменик.
– Се уште има многу обожаватели на царството на Наполеон, напиша на Твитер аукциската куќа „Друо“ по продажбата на чизмите.
Историчарите истакнуваат дека чизмите одговараат на описот што Наполеон го испраќал на кондураџијата Жак, кој работел во париски Монмартр.
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов