Четврти ден собраниска дебата за ребалансот на Буџетот за 2019
Пратениците денеска четврти ден ќе дебатираат за Дополнетиот предлог на ребаланс на Буџетот за 2019 година.
Во него, вкупните приходи се проектирани на 210,5 милијарди денари, а вкупните расходи се утврдени на износ од 228,2 милијарди денари. Дефицитот останува непроменет и е позициониран во износ од 17,7 милијарди денари. Со ребалансот се предвидува намалување на приходната и расходната страна за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5 отсто. Буџетскиот дефицит се задржува на ниво од 2,7 отсто, а ревидирана е проекцијата за економскиот раст на 2,8 отсто.
Во изминатите три дена дебатата околу ребалансот на Буџетот се одвиваше во меѓусебни обвинувања меѓу пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ околу тоа колкава е реализацијата на капиталните инвестиции, бројот на странски инвеститори, успешноста на проектот „МојДДВ“.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје