-->
-->
Четвртфинале за Ѓорческа во Шарм ел Шеик
-->

Македонската тенсиерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во Шарм ел Шеик (тврда подлога) откако попладнево во меч од 2.коло ја победи третата носителка Ана Богдан од Романија со 2-1 во сетови.
Нашата тенисерка со пресврт стигна до победата. Првиот сет и припадна на третата носителка Богдан со 6:3 во гемови, а Ѓорческа во вториот сет водеше со 5:2, но противничката изедначи на 5:5. Сепак Ѓорческа успеа да го добие сетот со 7:5. Во решавачкиот сет до 2:2 беше изедначено, а потоа нашата тенисерка направи брејк и имаше водство од 5:2 и во следниот гем на сервис на ривалката ја имаше првата меч топка што не ја искористи. Во следниот гем на свој сервис ја искиристи третата меч топка во мечот за пласман во четвртфиналето што за неа е еден од најголемите резултати во кариерата бидејќи ова е прв нејзин настап на турнир со награден фонд од 100.000 долари.
Во текот на мечот Ѓорческа имаше 3/13 брејк тпоки, а Богдан 2/8 со скор на освоени поени 108:98 за Ѓорческа во меч што траеше 1 час и 52 минути.
Во следното коло нашата тенисерка ќе игра против Шпанката Сара Сорибес Тормо (5.носителка), која во мечот од второто коло ја победи Ан Софи Местач (Белгија) со 6:2 и 7:5.
Ѓорческа утре покрај мечот во сингл ќе игра и во конкуренција на двојки во четвртфиналето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
