Тенис
1. јуни 2016 - 15:08

Четвртфинале на Ѓорческа на фјучрсот во Унгарија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во Унгарија (награден фонд 25.000 долари). Таа во мечот од 2.коло со пресврт стигна до победата. Првиот сет и припадна на Вера Лапко од Белорусија со 6:3, а во вториот сет при резултат 1:1 мечот беше во прекин поради дожд. Во продолжението Ѓорческа беше подобра со 6:4, а решавачкиот го доби со 6:3 во гемови, иако противничката имаше водство од 3:2. Нашата тенисерка направи серија од 4-0. Мечот траеше 106 минути.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра против квалификантката Софија Ковалец од Украина, која беше подобра од Ана Бондар од Унгарија со 2-0 во сетови (7:6; 6:0). Ковалец се наоша на 476 место на ВТА , а претходно најдобриот пласман го имала на 243.место.