Четврта победа на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ја совлада вечерва црногорска Подгорица со 78-74 (39-29) во рамки на шестото коло во регионалната АБА 2 лига.
Кошаркарите на МЗТ Скопје имаа висока предност од 14 поени (52-38) на средина од третата четвртина, по што уследи криза во играта на македонскиот шампион, а Подгорица во завршните минути од натпреварот во Широки Брег дојде и до израмнување на резултатот (68-68).
Сепак, МЗТ Скопје не му дозволи на црногорскиот противник целосен резултатски пресврт и предводен од Војдан Стојановски (24 поени) и Душан Танасковиќ (20 поени) ја забележа четвртата победа со која во моментов е петтопласиран на табелата.
Настапот во рамки на третиот „балон“ во АБА 2 лигата кој се игра во Широки Брег кошаркарите на МЗТ Скопје ќе го заокружат в петок против Суботица со почеток во 18 часот.
Ново на Сител
-
Германија го олесни влезот на работници од земји вон ЕУ, двојно зголемен бројот од Западен Балкан
-
Горела ниска вегетација кај скопско Ново село
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – Првиот испит од државната матура
-
Без струја дел од улицата од Центар
-
Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер