-->
-->
Четворица завршија во болница по судар на две возила на патот Битола - Прилеп
-->

Вчера во 08.15 часот на патот Битола-Прилеп, во близина на с.Вашареица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.К.(75) од с.Кривогаштани и патничко возило „Шевролет спарк“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(73) од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Ј.Ј и сопатниците од истото возило, Ј.Б.(47), Г.Ј.(69) и 17-годишник, сите од Битола.
Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива
