Четворица уапсени во втора ноќ на немири во Шамбери

Четири лица беа уапсени минатата ноќ во местото Шамбери во француските Алпи, по уличното насилство во кое учествуваа меѓу 20 до 30 луѓе на возраст од 15 до 20 години, јави дописникот на МИА од Париз.
Според префектурата од Савоа, синоќа околу 18:30 часот 20 до 30 маскирани лица се собраа на протест во северниот дел на Шамбери, потпалувајќи притоа неколу контејнери и автомобили. Судирите меѓу младите демонстранти и полицијата траеја речиси три часа. Засега нема извештаи за повредени.
- Две или три мали групи на млади луѓе почнаа да предизвикуваат немири и подметнаа пожари, изјави градоначалникот на Шамбери, Мишел Дантан.
Полицијата успеа да ги разбие демонстрантите околу 21:30 часот, по што на пожарникарите им беше овозможено да интервенираат за гасење на пожарите. При интервенцијата на полицијата се уапсени четири лица.
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
