Четворица лихвари од Охрид изнудиле вкупно 17.990.000 денари
Кривични пријави се поднесени против четири лица од Охрид кои му давале пари на заем на едно лице од охридско, а потоа му барале за себе несразмерна имотна корист и му изнудиле 17.990.000 денари.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.С.(34), А.Б.(28), Е.Б.(30), Н.Ј.(33), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „лихварство“ по член 260 од кривичниот законик. Во периодот од 2021 до 2024 година, пријавените во повеќе наврати на лице од охридско, преку неговата невенчана сопруга, му давале пари на заем, а после тоа договарале за себе несразмерна противправна имотна корист и со присилба им изнудиле вкупно 17.990.000 денари, информираат денеска од МВР.
Парите, додаваат од Министерството, освен што биле уплаќани на сметките на пријавените, биле уплаќани и на сметките на други лица.
Ново на Сител
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот