Четири предгрупи ја откажаа турнејата со Ед Ширан во знак на солидарност со Меклмор

Сите четири предгрупи ангажирани за претстојните настапи на британскиот пејач Ед Ширан во рамки на неговата турнеја „Loop“ се повлекоа во знак на солидарност со американскиот рапер Меклмор, кој беше отстранет од турнејата поради јавно изразена поддршка за Палестина.
Пејачот Финес кој требаше да настапи како предгрупа на Ширан на шест концерти во Јужна Америка во ноември, се откажа од турнејата само неколку часа откако тој проговори јавно за причината за отстранувањето на пејачот.
„Меклмор беше отстранет поради притисок од клубовите во кои требаше да настапи, поради неговите пропалестински коментари за време на два концерта на стадионот „Мет лајф“ во Њу Џерси“, напиша порталот „Гардијан“.
– Со зборовите „не сме ги заборавиле“ луѓето во Газа и на „окупираниот Западен Брег, раперот ѝ се обрати на публиката, по што следеа извици „Слободна Палестина“.
По повлекувањето на Финес, сите четири предгрупи го откажаа својот настап во знак на солидарност со американскиот рапер.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
