Четири мртви бебиња пронајдени во куќа во Бостон
Во куќа во САД пронајдени се тела на четири бебиња, јавуваат американските медиуми. Едно од телата е пронајдено во замрзнувач, соопшти локалната полиција.
На 17 ноември полицијата одговори на пријавата дека дом во јужен Бостон бил окупиран, а моментно не е јасно кој повикал полиција.
Полицијата на местото на настанот пронашла „нешто што личи на човечки фетус или доенче“.
Следниот ден, 18 ноември, детективите пронајдоа уште човечки останки за кои беше утврдено дека се две момчиња и две девојчиња (вклучувајќи го и откривањето на останките претходниот ден). Едно од нив било во замрзнувач.
Врз телата е извршена обдукција, а се чекаат резултатите од неа, соопшти полицијата.
Полицијата не идентификува потенцијални осомничени. Детективите за убиства продолжуваат да го истражуваат инцидентот заедно со канцеларијата на окружниот обвинител на округот Сафолк, соопшти полицијата.
Ново на Сител
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
