Четири милиони евра од ГТФ за Охридска банка за еко кредити

Охридска банка Сосиете Женерал обезбеди 4 милиони евра од Фондот Грин фор гроут кои ќе бидат пласирани во проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија.
Инвестицијата од ГГФ, како што информираат од Охридска банка, ќе биде инструмент кој на Банката ќе и овозможи развој на капацитетите за финансирање проекти за обвновлива енергија и енергетска ефиканост и ќе претставува поттик за зголемување на инвестиции во овие сегменти во Македонија. Се очекува од реализација на проектите да има годишна заштеда на енергија од над 24.000 мегаватчасови и намалување на јаглеродниот диоксид за над 7.500 метрички тони годишно.
Партнерството ќе биде придружено со проширена поддршка обезбедена од страна на техничката помош од ГГФ-ТАФ за развој и имплементација на проекти за обновлива енергија. За осигурување на одржливо кредитирање, ГГФ -ТАФ ќе асистира и во имплементација еколошки и социјални аспекти и ќе го надгледува портфолиото на кредити за енергетска ефиканост на Охридска банка.
Кристофер Ноулс, претседател на ГГФ за ЈИЕ, Охридска банка ефикасно одговара на потребите на бизнисите во земјата и придонесува кон максимирање на влијанието на ГГФ во регионот.
Според претседателот на УО на Охридска банка Бранка Павловиќ, Банката сега има поголем капацитет да продолжи со поддршка на проект и за обновлива енергија и енергетска ефикасност, помагајќи на тој начин за зголемување на продуктивноста на економијата и засилување на транзицијата кон просперитетна нискојаглеродна иднина.
ГГФ е посветен на подобрување на енергетската ефиканост и поттикнување на користењето обвновливи извори на енергија во ЈИЕ, вклучувајќи ги Албанија, БиХ, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција, како и блиското источноевропско соседство.
Ново на Сител
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
