Четири лица загинаа во напад на католичка миса на Филипините
Четири лица загинаа утрово во експлозија на католичка миса на југот на Филипините. Вкупно 42 луѓе претрпеа претежно полесни повреди, соопштија властите, додавајќи дека ситуацијата е под контрола.
Инцидентот се случил во гимназијата на државниот универзитет Минданао во Марави, најголемиот муслимански град во земјата.
Во 2017 година, во Марави се водеше петмесечна битка меѓу владините сили и милитантите поврзани со Исламската држава. Милитантите обединети во групата Даулах Исламијах-Мауте би можеле да стојат зад бомбашкиот напад, изјави бригадниот генерал Алан Ноблеза, полициски командант во регионот.
Генералот Ноблеза рече дека 11 милитанти биле убиени од филипинската војска минатиот петок во соседниот град Дату Хофер Ампатуан, што укажува на тоа дека денешната експлозија би можела да биде форма на одмазда.
Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор ја осуди експлозијата како „бесмислен и најгнасен“ чин, „извршен од странски терористи“. Тој ја повика јавноста на смиреност.
– Бидете уверени дека извршителите на овој безмилосен чин ќе ги изведеме пред лицето на правдата, нагласи тој
Ново на Сител
-
Претрес во валандовско, пронајдени бела прашкаста материја и шприц
-
Провалиле кај кавадарчанец и украле 10 литра ракија и пари
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мбапе за Модриќ: Видов одблизу што значи величина
-
Осимен ги продолжува преговорите со Ал-Хилал
-
Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив
-
Николоски: Врвни британски фирми и експерти ќе дадат поддршка за реализација на проектите во Македонија
-
Реал Мадрид официјално објави дека Анчелоти заминува на крајот од сезоната