Четири изjави карактеристични за двојките во лоши врски

Партнерите во квалитетните врски отворено разговараат за своите чувства, бидејќи сакаат да ги решат недоразбирањата, додека двојките во лоши врски проблемите, по правило, ги „ставаат под тепих“.
Американските психолози анализирајќи ги лошите „токсични“ врски дошле до заклучок дека четири изјави се најчесто карактеристични за дијалозите меѓу несреќните двојки.
1. Не сум лута
Ваквата изјава се користи во случаи кога постои желба за казнување на партнерот, оставајќи го да размислува за тоа што лошо направил/а.
Тоа воошто не е добро, сметаат психолозите, бидејќи истовремено го прави партнерот уште по гневен.
2. Ти не се грижиш многу за нашата врска и не ме почитуваш доволно
Целта на овие зборови всушност е само да се навреди партнерот, бидејќи со тоа се занемарува се што тој/таа некогаш направил/а.
Со ова на партнерот му се порачува дека она што го сторил за вас, никогаш не е доволно добро, наведуваат психолозите.
3. Твоите пријатели се бескорисни
Дури и ако тоа навистина мислите така, немате право тоа да го кажете на глас.
Какви и да се, тоа се негови/нејзини пријатели и како такви мора да ги почитувате. Исто важи и за сите други луѓе кои му/и се мили, додаваат експертите.
4. Ти реков да го направиш тоа
Оваа или која било слична фраза ве прави де се однесувате како да сте господар на вашиот партнер, а тој/таа ваш роб.
- Партнерите треба меѓусебно да се почитуваат и така да се однесуваат еден кон друг: без заповеди, со многу љубов и компромиси и никако поинаку, порачуваат псохолозите.
Ново на Сител
-

Ново зголемување од 7,5 проценти на платите во образованието, најави Мицкоски
-

Мицкоски: Единствено ние ги намаливме цените на горивата минатата недела, граѓаните да бидат спокојни состојбата се следи, има доволно количини
-

Фирма од Свети Николе оштетена за 44.222 евра при компјутерска измама
-

Одложено судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Стефковски: По четири децении, Домот на културата „11 Октомври“ повторно оживува
-

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток
-

Уценувала газда со фотографии од нехигиенска кујна да му плати 5.000 евра или да ја врати на работа
-

Телото го измил и го подготвил за погреб, синот кој си го уби таткото во Гостивар прикривал траги
