Четири години мислела дека татко и умрел во војна: Тажната приказна на Анабела ќе ве наежи!

Пејачката Анабела Атијас неколку пати ја споделила со јавноста својата тажна приказна од времето на војната.
Таа тогаш го напуштила родното Горажде и со тогашното момче заминала за Швајцарија.
Но изгубила секаков контакт со родителите, Јадранка и Ахмед, па морала да се врати за да се обиде да ги најде или дознае нешто за нив.
Набрзо по доаѓањето во српската престолнина слушнала дека нејзината мајка успеала да излезе од Босна, но за татко си не знаела ништо, како и нејзината мајка која се развела од него уште пред војната.
-Со татко ми не стапив во контакт цели четири години, секој ден се плашев да не му се случило нешто, а мајка ми прво дојде во Србија, од каде што се упати за Шведска. Подоцна и се придружив, рекла Анабела.

Среќа, нејзиниот татко бил жив, па успеала да стапи во контакт со него и сега често го посетува во родното место.
Денес Анабела објавила негова фотографија кога бил млад, со што ги разнежни своите следбеници, додека под фотографијата напишала: „Неговото височество тато“.

Ново на Сител
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
