Четири европски држави и САД ги повикаа косовските лидери да ги надминат разликите

Четири европски држави и САД ги повикаа косовските политички лидери да ги усогласат разликите што ја блокираа државата, пренесоа американските медиуми.
Според ставот, што вчера беше соопштен, Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД сметаат дека косовските лидери се одговорни за тоа што се случува во државата.
Политичките партии во косовскиот Парламент не можат да постигнат компромис околу изборот на нов претседател на Собранието.
Новиот претседател треба да биде избран за шефот на државата да може да го определи следниот премиер и да се формира новата влада.
Коалицијата на Демократската партија, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово (таканаречената воена коалиција, предводена од поранешни команданти на Армијата за ослободување на Косово) освои 39 места во 120-члениот Парламент по парламентарните избори, што се одржаа во јуни. Коалицијата има потреба од гласовите на други политички групи или на поддршката на независните пратеници, за да се избере спикерот на Парламентот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
