-->
-->
Чествување на Успение на Пресвета Богородица во Крива Паланка
-->

Чествувањето на Успението на богомајката, Пресветата Дева Марија во храмот на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ започна со утринска та Божествена литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Кумановско-Осоговски г. Јосиф.
На литургијата на која присуствуваа голем број верници од разни краеви на земјата, се одржа и беседа за значењето на празникот, кој претставува второ воскресение, по првото, Христово.
Свештенослужителот кој беседеше рече дека големата мајка божја, благословена и најсвета меѓу светиите е ризница на сите благодати и добрини, располага со сите дарови кои само Бог може да ги додели, секому според степенот на воздржување од страстите.
По литургијата се даваше света причест за сите кои го спроведувале Богородичнито пост.
Црквата во манастирскиот комплекс свети Јоаким Осоговски која е посветена на Прсевета Богородица и храмот на манастирот беа преполни со верници кои го искористија убавото време и дојдоа да уживаат во импресивниот духовен амбиент на манастирот.
Празнувањето продолжува вечерва со служење вечерна богослужба во манастироткоја почнува во 18 часот, а утре по повод чествувањето на Свети Јоаким Осоговски, светецот-патрон на манастирот ќе се одржиутринска Божествена литургија со која ќе чиноначалствува владиката Јосиф, по што во дворот на манастирот ќе биде осветена вода.
Во организација на општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје воманастирот се одржува крводарителска акција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
