Чествување на св. Климент Охридски во Музејот на македонската борба

Музејот на македонската борба вечер по повод Денот на св. Климент Охридски ќе организира пригоден настан насловен „Творците во чест на свети Климент“.
Реч ќе одржат Михајло Миноски и Александар Прокопиев, а во чест на просветителот свои дела за музејската библиотека ќе донираат авторите: Јордан Плевнеш, Лилјана Котевска-Плевнеш, Ташко Саров, Михаил Белдедовски, Иван Глигоровски, Никола Јованоски, Ставре Џиков, Михајло Миноски, Гоце Ристовски, Блаже Миневски, Александар Кујунџиски, Киро Кипроски и Ангел Балкански.
По повод овој настан, во Музејот ќе има и две изложби - авторот Златко Бојковски ќе изложи скулптури, а ќе биде поставена и филателистичко-картофилска изложба „1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски–одрази во денешнината“ од збирката на Бранислав Светозаревиќ.
Во музичкиот дел ќе настапат ученици од Музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовски Луј“ предводени од проф. Благица Илиќ.
Ново на Сител
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
-

МЗ: Новото законско решение за медицински средства носи европски стандарди и поефикасни постапки
-

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност
-

Конвој танкери е забележан како го напушта Персискиот Залив и минува низ Ормуската Теснина
-

САД го продолжуваат рокот за привремен исклучок од забраната за купување руска нафта
-

Украински дронови погодија складиште за нафта во Крим, предизвикувајќи пожар
