Честитка за Денот на независноста до претседателот Пендаровски од албанскиот колега Мета
Честитка по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, до претседателот Стево Пендаровски упати неговиот албански колега Илир Мета.
– По повод Денот на независноста на Република Македонија, дозволете ми, во мое и во име на албанскиот народ, да ви ги пренесам најтоплите и најискрените честитки до Вас и до сите граѓани на вашата пријателска земја. Задоволство ми е високо да го оценам напредокот на многу добрите односи и соработката меѓу нашите земји, која се базира на заедничките визии, интереси и заедничката билатерална, регионална, глобална, европска и евроатлантска перспектива, стои во честитката на Мета.
Тој оценува дека пријателството и соработката помеѓу Албанија и Македонија се протега во сите области и е „во служба на многу добрите соседски односи меѓу двете земји, интересите и иднината на нашите граѓани“.
Мета во честитката изразува целосно убедување дека многу големо влијание во зајакнувањето на соработката меѓу две земји одиграло и одигрува „ адресирањето и континуираното подобрување на меѓуетничките односи меѓу Албанците и Македонците“.
– Македонската заедница во Албанија и Албанците од Македонија, кои секогаш биле поддржувачи на државотворноста и интеграцијата на Македонија во НАТО и Европската унија, се здрави мостови на пријателство и неотуѓиви вредности што мора да се зачуваат, поддржат и промовираат со сета наша позитивна енергија, посочува Мета.
Албанскиот претседател на крајот искажува искрени желби за развој и напредок на пријателска Македонија.
– Со искрени и најдобри желби до вас, како и понатамошниот развој и напредок на Македонија, ве замолувам, прифатете го, господине Претседател, изразот на моето највисоко почитување, наведува албанскиот претседател Илир Мета во честитката до македонскиот колега Пендаровски,по повод Денот на независноста.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинување за Филипче
-
Дипломатски активности за деблокада на европските интеграции
-
Стојанче Ангелов менува директорска позиција - Ќе го спасува ДЗС од агонија
-
Божиновска смета дека Чебрен и Галиште треба да ги гради државата
-
Се зголемува економската соработка помеѓу општината Тире од Турција и општина Прилеп
-
Балкански самит на МААА
-
Преглед на вестите од светот
-
Софија денеска ќе одговори дали ќе се одржи средба меѓу претставниците на самитот во НАТО во Хаг