Честитка по повод Курбан Бајрам од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани од исламска вероисповест им го честита верскиот празник Курбан Бајрам.
- Големите верски празници се мигови кога се празнуваат традиционалните вредности на хуманост, толеранција и заедништво. Радоста и хармонијата на семејството се највредната работа која секој поединец ја посакува. Нека овие празници бидат можност одново да се зацврстат семејните вредности во нашето мултиетничко и мутиконфесионално општество, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.
Различноста во религиите, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, е богатството на нашата земја и придонесува за поголем напредок и меѓусебно разбирање и толеранција.
- Македонија има вековна традиција на заеднички живот помеѓу различните верски и национални групи и таа традиција треба да ја развиваме и негуваме од почит кон нашите предци, но и како обврска за нашите идни поколенија.Во духот на овие вредности на сите верници од исламска вероисповест им го честитаме големиот празник и им посакуваме многу успеси и напредок, бидејќи личниот напредок значи и придонес за нашата татковина Република Македонија, наведува ВМРО-ДПМНЕ во честитката.
Ново на Сител
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
