Честитка по повод Крбан Бајрам од Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи денеска по повод Курбан Бајрам упати честитки до поглаварот на ИВЗ реис ул улема хаџи сулејман ефенди Реџепи, членовите на Ријасетот, како и муфтиите и имамите.
- Во духот на традиционалното празнување на Курбан Бајрам, во кругот на семејството со доблест и гостопримство кон нашите роднини, соседи, пријатели и сограѓани, оддаваме почит кон највисоките темелни вредности на едно општество, а тоа се солидарноста, меѓусебното помагање, трпение, заедништво и толеранција. Нека и оваа година Курбан бајрам, Ви донесе многу радост, мир и благосостојба во Вашите домови и семејства, се вели во честитката.
Ви посакуваме, се додава во неа, овој голем верски празник да го поминете во весела и хармонична атмосфера, а принесувањето на жртва-курбан и дарувањето да Ви го отворат срцето кон Бога дарувајќи Ви многу здравје, радост и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски.
Ново на Сител
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
-

Инфлацијата во еврозоната се зголемува според процените
-

Пијан возач со трактор удрил во „Пасат“, па побегнал
