Честитка по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите православни верници, посакувајќи да го поминат во добро здравје и во многу радост.
- Претстојниот празник и годинава ќе нè потсети на значењето на светата тајна на крштевањето како еден од столбовите на христијанството. Славејќи го крштевањето на Господ Исус Христос, да го прославиме и нашето духовно раѓање и да ја потврдиме нашата вера. Токму на Богојавление - Водици да ги зацврстиме основите на нашето верување и да продолжиме со почитување и со залагање за христијанските начела за мир, заедништво и слога.
На денот кога ги осветуваме нашите води, најискрено посакувам во нашите срца да се вселат хармонијата и разбирањето, трпението и милосрдието. Во духот на овој голем празник да го поттикнуваме најдоброто во нас и најдоброто кај нашите ближни и кај нашите сограѓани, независно од нивната етничка, верска, јазична и идеолошка припадност. Само така ќе чекориме кон остварување на заедничките цели за успешна и просперитетна Република Македонија, се наведува во честитката од претседателот Иванов.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Поранешниот правобранител Фехми Стафа е уапсен за земање поткуп од 50.000 евра за да влијае врз судија
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
