Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Божиќ
ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните во Република Македонија кои денеска го прославуваат Рожденството Христово - Божик според Грегоријанскиот календар им го честита големиот христијански празник и им посакува најпријатни празнични мигови.
- ВМРО-ДПМНЕ посакува луѓето празничните денови да ги минат во духот на христијанските пораки за мир и разбирање меѓу себе. Овие празнични мигови нека донесат светлост во секој дом и нека не' потсетат дека Божиќната радост треба да биде споделена со најблиските, соседите и пријателите. Посакуваме овој голем празник да ни го осветли патот и да не' научи да живееме во мир и спокојство, заеднички радувајќи се на успесите и заеднички работејќи за нашата благосостојба. Само така ќе ја постигнеме заедничката цел, напредок на нашата Македонија, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Над 60% загуба на вода во водоснабдителниот систем на ЈП „Исар“-Штип
-
Во вооружена престрелка на Пластичарска загина 29 годишен скопјанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативните форми на туризам се поактуелни на туристичкиот пазар
-
Тема на денот со Павле Воскопулос - „Виножито“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски се поблиску до 2/3 мнозинство во собранието
-
Официјална Атина продолжува да предупредува за непочитување на Преспанскиот договор