Честитка од Вељаноски по повод еврејската нова година Рош Хашана

Претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски лично и во име на пратениците упати честитка до Еврејската заедница во Република Македонија и до нејзината претседателка Берта Романо-Николиќ по повод еврејската Нова година - Рош Хашана.
- Нашата држава Република Македонија и ние како граѓани посветено работиме на подобрување и развој на сите заедници, вклучувајќи ја и еврејската заедница. Вредностите кои ги негува еврејската заедница претставуваат значаен дел во нашите заеднички заложби за зачувувањето на основните вредности. Тие вредности подразбираат негување на меѓучовечките односи, толеранција и соживот помеѓу сите граѓани во Република Македонија. Исто така, слободно можам да истакнам дека голем е вашиот придонес во оформувањето и создавањето на современата македонска држава, пишува во честитката на Вељаноски, кој на припадниците на еврејската заедница им посакува поуспешна Нова година, исполнета со мир, добросостојба и просперитет.
Ново на Сител
-

Седници на четири собраниски комисии
-

САД: Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
