Честитка од СПМ по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици
Со особено задоволство во мое и во име на Социјалистичката партија на Македонија на сите православни верници во Република Македонија им го честитам големиот христијански празник Богојавление-Водици.
Денес се слави симболот на духовното раѓање, ден кој поттикнува на потсетување на духовните вредности кои претставуваат основа на човековото живеење.
Денот не потсетува затоа што сме свесни за нашето потклекнување и за отсуството на вредностите од нашето секојдневие во целото општество и во секој негов сегмент.
Жално е што тие кои се должни да ја чуваат и воздигнуват всушност бездушно и криминално ја пустошат нашата Татковина, а на нашиот народ секојдневно сурово му го газат достоинството.
Предавајќи го и распродавајќи го!
Оттаму денешниов ден со сета своја симболика која ја носи во себе повторно не потсетува на мудроста на пишаното слово и духовност кои не упатуваат на потребата од возобновување на единството и заедништвото.
Само така ќе можеме да се соочиме со сите предизвици и да ги премостиме сите опасности со кои се соочени Македонија и македонскиот народ. Само со благопоуката од денешниот ден и силата која ја добиваме ќе можеме да го излечиме болното ткиво за доброто и иднината на Република Македонија и на нашиот народ.
Нека е за многу години Богојавление-Водици!
Бог се јави, навистина се јави!
Љупчо Димовски – претседател на СПМ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници